Во Калифорнија од грип починале 42 лица

53

Во Калифорнија од грип починаа 42 лица, соопштија властите.

Смртните случаи од грип се појавија во октомври, кога почна сезоната на грип во земјата. Вообичаено трае до мај, а најизразита е во февруари.

Речиси половина од смртно настраданите се постари од 65 години.

Во Калифорнија владее грип од типот Х1Н1, познат како „свински грип“.

На национално ниво, 77 отсто од случаите до сега се позитивни на Х1Н1, соопшти Центарот за контрола и превенција на болеста.

– Х1Н1 е најопасен за децата и бремените жени, изјави раководителот на Итната помош во Лос Анџелес, Џефри Гунзенхаусер.

Тој информира дека на подрачјето на Лос Анџелес ог грип починале десетина лица.

Здравствените власти велат дека оваа сезона на грип е поумерена од претходната, кога во САД преовладуваше смртоносниот вид Х3Н2.