Во Италија уште едно лице почина од новиот коронавирус, со што вкупниот број на починати сега изнесува четири лица.

Како што пренесува италијанската агенција Анса, станува збор за 84-годишен маж од Ломбардија кој бил хоспитализиран во Бергамо и имал хронични болести.

Досега во Италија од новиот коронавирус наречен Ковид-19 се заразени 165 лица, претежно во покраините Ломбардија и Венето, во северна Италија.

Извор: АНСА, МИА