Дома СВЕТ Во Италија воведени аларми за автомобили за родителите да не ги забораваат...

Во Италија воведени аларми за автомобили за родителите да не ги забораваат децата

58

Одлуката на Министерството за транспорт е донесена за да се спречи смрт на деца, како што се случи пред два месеци во Сицилија, кога татко заборави да го остави детето во градинка и пет часа го остави во жежок автомобил.

Алармните уреди мора да емитуваат аудио и визуелни сигнали што можат да се слушнат и видат внатре и надвор од возилото.

Алармот се огласува кога детето е оставено во автомобилот.

Одлуката се однесува на седишта за автомобили за деца помали од четири години.

Оние што нема да го почитуваат ова правило ќе бидат казнети со парична казна од 326 евра и ќе им бидат одземени бодови на возачката дозвола.