Фудбалските фанатици сигурно се сеќаваат на Габриел Агбонлахор, човек кој практично целата сениорска кариера ја помина во својот матичен клуб – Астон Вила. Беше и капитен, но на крајот и понижен.

Кариерата ја заврши на само 32 години, што според многумина – тоа е премногу рано, но добро го наполни џебот. Некои играчи заработуваа и по 100.000 евра неделно, а близу нив беше и овој голгетер. Тој имаше плата од 60.000 фунти неделно, што беа огромни пари пред една деценија. Со 73 гола и натаму е најдобар стрелец на Астон Вила во Премиер лигата.

Се збогуваше од фудбалот во 2017 година откако практично цела сезона седеше на клупа и чекаше да му истече договорот. На сè му претходеа настаните од претходната година. За време на одморот во Дубаи беше фатен со шише во рака, на подготовките се појави со значителен вишок килограми, а тоа значеше и одземање на капитенската лента.

Во текот на кариерата имаше неколку огромни испади. Така, во 2016 година, ноќта кога Вила испадна од лигата, замина на луда забава во Лондон. Беше ннимен во хотелска соба каде доцна во ноќта се забавува со две девојки и пријател. Потоа, освен алкохол, го употребил и познатиот „гас за смеење“, кој е забранет.

Интересно, тој никогаш не се ожени, а во исто време имал три љубовници кои биле бремени во истоврено, што секако е фасцинантно. Моментално е без девојка.

Своевремено тој беше во врска со Портиа Смит со која живееше во ист стан, а се шпекулираше дека ја изневерувал својата девојка во тоа време со Елизабет Вил.

Портиа на поранешниот англиски репрезентативец му роди ќерка, а Елизабет син. Другите две љубовници решиле да абортираат.

Она што е особено интересно е што не се знае точно колку деца има Агбонлахор. Се споменува дека тој е татко на најмалку три деца, но официјална потврда нема.

По неговото пензионирање, Агбонлахор повремено се работи како фудбалски аналитичар на одредени британски ТВ станици.