Во Индија папагал сведочел на убиство и пратил двајца на доживотен затвор

309

Двајца мажи во Индија беа осудени на доживотен затвор за убиство, пред сѐ благодарение на „сведочењето“ на папагалот кој бил во куќата за време на злосторството.

Аша Шарма и Рони Меси беа осудени на доживотен затвор, плус парична казна од 72.000 рупии (874 долари), откако Аша призна дека ја убил својата тетка Нилам Шарма, со соучесништво на својот пријател, пренесува India Today.

Во февруари 2014 година, двајцата влегле во куќата на жртвата додека нејзиниот сопруг Виџеј и децата биле отсутни, ја избоделе 14 пати, па дури и девет пати го избоделе нејзиното куче. Главна причина за злосторството е разбојништво, бидејќи Аша знаел каде се парите и накитот во куќата, бидејќи често престојувал таму.

По убиството полицијата не нашла траги, но им помогнал папагал. Веднаш по убиството, птицата престанала да јаде, пие и да зборува, што го натерало сопругот на жртвата Виџај да помисли дека можеби папагалот бил сведок на злосторството.

Виџеј потоа почнал да ги изговара имињата на луѓето за кои се сомневал дека би можеле да извршат убиство, а папагалот бурно реагирал на името на Ашу и почнал да вреска „Ашу-Ашу“.

Виџеј Шарма потоа побарал од полицијата да го испраша Ашу, кој на крајот признал дека тој, заедно со Меси, го убиле Нилам.

Во текот на судењето се споменуваше папагалот, но тоа „сведоштво“ сепак не беше прифатено како доказ во судот, поради законски ограничувања. Папагалот не доживеа да го види судот, бидејќи умре половина година по Нилам.