Во Индија нов рекорд во бројот на новозаразени со коронавирусот

30

Индија денеска регистрира уште еден црн рекорд во бројот на новозаразени со коронавирусот- инфицирани се уште 7.964 лица, а починале уште 265 луѓе.

Министерството за здравство на земјата соопшти дека вкупниот број на потврдени случаи на коронавирусот е зголемен на 173.763, а починале вкупно 4.971 лице. Од Ковид-19 закрепнале 82.369 луѓе.

Премиерот Нарендра Моди во отворено писмо по повод првата годишнина од вториот мандат на неговата Влада, изјави дека Индија е на пат кон победи во борбата против коронавирусот.

Моди истакна дека Индија ќе даде „пример во економскиот препород“ и побара од нациата да покаже одлучност.

Извор:МИА