Во земјотресот во Иран загинаа најмалку две лица, а повеќе од 100 се повредени

58

Најмалку две лица загинаа, а повеќе од 100 луѓе се повредени во земјотресот што денеска го погоди пограничниот регион на Турција и Иран, јавуваат иранските медиуми.

Во соопштението на Иранската служба за итни случаи, се наведува дека спасувачките екипи се испратени во областа во иранската провинција Западен Азербејџан и дека сите локални болнички тимови се ставени во состојба на готовност, пренесува Ројтерс.

Според извештаите на локалните власти и медиумите, земјотресот со висок интензитет, како и последователните послаби потреси, биле почувствувани во неколку градови, меѓу кои и Урмија, главниот град и најголемиот град на покраината, јавува ТРТ.

Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди пограничниот регион на Турција и Иран, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.