Загрепските и виенските угостители се прилагодија на енергетската криза. Густирањето на омиленото кафе под греалка стана луксуз.

Едно кафуле во Загреб почна да наплаќа седење под греалки, а како што стојат работите, овој рецепт за намалување на трошоците ќе го применуваат многу ресторани.

Кафето со греалка чини 14 куни, а без – 12 куни а две куни повеќе се околу 16 денари. Секој гостин во ова загрепско кафуле кој сака да седне на терасата под греалка, покрај сметката за консумација мора да плати дополнителни две куни за греење.

„Мислам дека греалките надвор се луксуз, во зима. Имаме доволно внатрешен простор, ако некој навистина сака да биде надвор, ќе ги вклучиме греалките, но едноставно тој дел од трошокот треба да го префрлиме на крајниот корисник“, изјави Иван Орешковиќ, сопственик на ресторанот.

Дополнителни 5 или 10 евра, им се бараат на гостите во кафеаните во Виена, ако седнат на терасите кои се греат со греалки, пишува Вечерњи лист.

Енергетската криза веќе зафати некои од нив во Австрија, а тие ги затвораат локалите.

Ако седнете на мала маса за четворица, тоа чини 5 евра, а за двојно повеќе, 10 евра, пишува таблоидот „Хојте“. Многу гости сега одат само на тераса за да пијат аперитив, а потоа продолжуваат да јадат и пијат во ресторанот, велат угостителите. Ова е единственото кафуле во земјава кое на ценовникот има греалка.

Како што стојат работите, ваквиот рецепт за намалување на трошоците и опстанок ќе го применуваат многу ресторани, пишува RTL.