Полека но, сигурно есента веќе тропа на врата, а со неа и сезонски настинки и грипови. Затоа е многу важно да се преземат превентивни мерки за заштита на здравјето.

Нутриционистите предупредуваат на една грешка која често ја правиме во текот на есента и на зимата – не внесуваме витамин Д.

Овој витамин влијае на бројни функции во човечкиот организам, од ублажување на респираторните инфекции и зголемување на плодноста, до намалување на ризикот од рак на дојка, па дури и ублажување на симптомите на мултиплекс склероза.

Нашето тело создава витамин Д кога се изложуваме на УВБ сончевите зраци, но временските прилики во текот на есента не се скогаш погодни за тоа и единствен начин да го надополниме недостатокот на витамин Д е внос на суплементи.