Во Еритреја починал маж на 127. годишна возраст

160
Фото: Zere Natabay

Маж од Еритреја починал на 127-годишна возраст, а неговото семејство се надева дека Натабај Тинсевју ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстарата личност што живеела некогаш.

„Трпение, великодушност и радосен живот, тоа беше неговата тајна за толку долг живот“, изјави неговиот внук Зере Натабај за Би-Би-Си.

Натабај починал во понеделникот во своето село Азефа, сместено во клисура опкружена со планини и дом на околу 300 жители.

Можеби бил десет години постар?

Неговиот внук рече дека црковните записи, вклучително и неговиот извод од матичната книга на родените, покажуваат дека е роден во 1894 година, кога се крстил и според кој имал 127 години во времето на неговата смрт. Но, неговото семејство верува дека тој всушност е роден во 1884 година, но се крстил 10 години подоцна кога дошол за свештеник во селото.

Селскиот свештеник Ментај потврдил дека записите покажуваат дека Натабај е роден во 1894 година. Тој додаде дека бил присутен кога селаните го прославиле неговиот 120 -ти роденден во 2014 година.

Според Гинисовата книга на рекорди, најстарата личност во светот што некогаш живеела била Французинката Жана Калмент, која починала во 1997 година на возраст од 122 години.

Натабај се оженил во 1934 година, а неговата сопруга починала во 2019 година на 99 -годишна возраст. Се занимавал со сточарство, имал многу говеда, кози и пчели.