Во елитната населба Хиподром 2 само гумени чизми се спас

148

Жителите на елитната населба Хиподром 2 во општина Гази Баба газат по кал до колена. Дождот кој врне постојано ги направи пристапните улици до елитните куќи невозможни за движење, жителите велат дека само гумени чизми се спас. Плацевите за градење на убавите куќи им ги продаваше општина Гази Баба на лицитација и беа купени по некаде 30 до 50 евра за квадрат. – Договорите беа обврзувачки за купувачите, во одреден рок мораа да уплатат средства за комуналии и да се изгради објект, а општината се обврзуваше во одреден рок да ја изгради инфраструктурата. Очигледно, општината ги наплатила парите, а ништо не изградила. Во кој век живееме ова да се случува, луѓето да немаат основни услови за живеење, коментираат жители

Сличен проблем имаат и жителите на педесетина куќи во Трубарево. Велат дека нивната пристапна улица “38” е полна со вода и кал и дека овој проблем го имаат со години кога ќе заврне. Велат дека со парите што во изминативе 30 години ги давале за сервисирање на автомобилите, ќе можеле сами да ја асфалтираат улицата

Жителите на елитната населба Хиподром 2 во општина Гази Баба газат по кал до колена. Дождот кој врне постојано ги направи пристапните улици до елитните куќи невозможни за движење, жителите велат дека само гумени чизми се спас.

Тие на Фејсбук споделуваат видеа на кои се гледа како минувачи шлапаат во калта бидејќи улиците не се асфалтирани.

Плацевите за градење на убавите куќи им ги продаваше општина Гази Баба на лицитација и беа купени по некаде 30 до 50 евра за квадрат.

– Договорите беа обврзувачки за купувачите, во одреден рок мораа да уплатат средства за комуналии и да се изгради објект, а Општината се обврзуваше во одреден рок да ја изгради инфраструктурата. Очигледно, Општината ги наплатила парите, а ништо не изградила. Во кој век живееме ова да се случува, луѓето да немаат основни услови за живеење – коментира Виолета П. 

Оваа населба постои од 1956 година и истата се проширува со куќи по 2001 година.

Сличен проблем имаат и жителите на педесетина куќи во Трубарево. Велат дека нивната пристапна улица “38” е полна со вода и кал и дека овој проблем го имаат со години кога ќе заврне. Велат дека со парите што во изминативе 30 години ги давале за сервисирање на автомобилите, ќе можеле сами да ја асфалтираат улицата. 

Им забележуваат на досегашните градоначалници кои им ветувале дека ќе им стават асфалт на улицата, ама досега не се реализирало со образложение дека прво требало да се направи одвод, па потоа асфалтирање.

– Значи, горе-доле за 15 години ќе имаме асфалт, таман децата кога ќе ни пораснат нема да газат во кал – коментираат жители на Трубарево.

(С.Бл.)