Во експлозија во рудник за јаглен во Пакистан загинаа деветмина рудари

34

Девет рудари загинаа во денешната експлозија на гас во рудник за јаглен во северозападниот дел на Пакистан, потврди шефот на истражниот тим, назначен од Владата.

Тој додаде дека експлозијата била предизвикана од искри.

Во моментот на несреќата во рудникот имало 13 рудари, пронајдени се безживотните тела на девет жртви, а четворица рудари се извлечени од урнатините со тешки повреди, изјави Аднан Фарид, заменик началник на областа.

Во владиниот извештај се вели дека акумулацијата на гас ја предизвикала експлозијата, но не се наведува за каков тип на гас станува збор.

Рударите и претходно се жалеле на недостиг на заштитна опрема и лоши услови за работа, кои се главна причина за честите несреќи.