Во економското училиште ќе се менува азбесниот покрив

58

Во ССОУ „Јовче Тесличков“, или попознато како „Економска“, во Велес ќе се врши реконструкција на стариот дотраен дрвен кров, кој е во лоша состојба, како и замена на азбесна покривка. Проектот чини 6,5 милиони денари, од кои 3,1 милиони се обезбедени од грант преку Министерството за финансии поддржан од Меѓународната банка за обнова и развој, а останатите пари од општинскиот буџет.

Од општина Велес информираат дека со проектот изработен од Друштвото за консалтинг Еуропартнер груп, ќе се реконструира целата покривна површина од 1.184 квадратни метри заедно со оштетената дрвена покривна конструкција.

Оттаму посочуваат дека покривот е во лоша состојба и е од азбесни табли, кои се штетни за човековото здравје и за животната средина. Во зградата на ова училиште порано беше сместено ООУ „Трајко Андреев“, кое престана да постои пред повеќе од десет години, а во него тогаш беше сместено средното економско училиште.