Во Еквадор запленети 2,4 тони кокаин, а контејнерот бил наменет за Белгија

63
Еквадорската полиција заплени 2,4 тони кокаин во контејнер со банани наменет за Белгија, соопшти МВР на Твитер, додавајќи дека едно лице е уапсено.
При претресот на контејнерот, полицијата пронашла 2.461 пакување кокаин скриени со банани, еден од главните извозни производи во земјата.
Во 2021 година еквадорските власти заплениле рекордна количина од 210 тони дрога, главно кокаин, а од почетокот на годината се запленети над 70 тони.