Во Делчево реализиран планинарски марш до месноста Борова Могила

57
Во организација на Планинарскo-спортскиoт клуб „Голак“, во Делчево e реализиран планинарски марш до месноста Борова Могила во должина од 19 километри.
-Придржувајќи се на мерките за заштита од Ковид-19, со членови на нашиот клуб продолживме со активностите за промоција на малку познати, но атрактивни локалитети кои се наоѓаат на подрачјето на областа Пијанец. За време на маршот се движевме во мали групи, со растојание, како и носење маски каде е потребно. По идеално сончево време го искачивме малку познатиот врв Борова Могила на планината Влаина, информираше Љупчо Чучуковски, претседател на клубот.
Деветнаесет километарската маршрута, планинарите од Делчево, како што додаде ја започнале од приградското село Ѕвегор.

-Потоа продолживме кон месноста Габите, туристичкиот локалитет Илин Камен, Чутурски Рид, се до врвот Борова Могила и граничниот камен на границата со Бугарија на планината Влаина, додаде Чучуковски.

Од ПСК „Голак“ додадоа дека промоцијата на атрактивни локалитети на подрачјето на Пијанец, согласно мерките за заштита од Ковид-19 ќе продолжи и во наредниот период.
Извор: МИА