Во декември 3 милиони денари од поврат на ДДВ ќе легнат на сметките на граѓаните

Со воведувањето на Мој ДДВ е зголемано издавањето на фискални сметки и наплатата на ДДВ и во оние региони каде имаше проблем. Првите пари од поврат на ДДВ ќе бидат исплатени од 1 до 15 декември за скенирани сметки во првото тромесечие, односно за месеците јули, август кога вкупно 3 милиони евра ќе легнат на сметките на граѓаните

327

Наградната игра на „МојДДВ, МојаНаграда“ која ќе започне од средината на декември ќе има за цел да ја унапреди мерката Мој ДДВ. Во оваа нагадна игра ќе бидат вклучени сите фискални сметки, вклучително и оние со мал и оние со 0% ДДВ. Наградниот фонд изнесува половина милион евра, а и ќе се доделуваат парични награди и тоа 10 на дневно, 15 на месечно ниво, како и две главни премии.

-Апликацијата Мој ДДВ е многу популарна меѓу граѓаните, тоа го покажуваат и бројките, односно 170 илајди граѓани месечно скенираат фискали сметки и во просек имаме околу 8 милиони фискални сметки на месечно ниво. Ако го споредеиме првото тромесечие откога беше лансирана апликацијата Мој ДДВ с истото тромесечие во 2018 година ќе видиме дека се работи за пораст на наплата на нето ДДВ од 23 отсто, истакна вели министерката за финансии, Нина Ангеловска на презентацијата на повикот „ФинХакатон2“ чија цел е изготвување на иновативна маркетинг стратегија,  за наградна игра „МојДДВ, МојаНаграда“.

Таа појасни дека со воведувањето на Мој ДДВ е зголемано издавањето на фискални сметки и наплатата на ДДВ и во оние региони каде имаше проблем. Првите пари од поврат на ДДВ ќе бидат исплатени од 1 до 15 декември за скенирани сметки во првото тромесечие, односно за месеците јули, август кога вкупно 3 милиони евра ќе легнат на сметките на граѓаните.

„ФинХакатон 2“ е наменет за маркетинг агенции и други домашни компании кои може да понудат иновативна маркетинг стратегија во која ќе бидат вклучени и студенти со цел зголемување на бројот на активни корисници на апликацијата „Мој ДДВ“ преку која враќаат дел од своите средства.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски рече дека ова е втор повик за соработка со Министерството за финансии, а е дел од пошироката иницијатива за вклучување на младите во креирањето на јавните политики.

Маркетинг агенциите на повикот „ФинХакатон2“ може да аплицираат до 27-ми ноември со иновативна маркетинг стратегија во чија изработка ќе бидат вклучени и студенти. Буџетот за имплеметација на маркетинг стратегијате ќе изнесува два милиони денари. (А.С.)