Во Дебар помеѓу складиран градежен материјал пронајдено оржје, муниција и марихуана  

332

Полициските службеници од дебарското Одделение за внатрешни работи, помеѓу скадран градежен материјал пронашле оружје, муниција и марихуана.

– Вчера околу 14 часот,  помеѓу складиран градежен материјал на улицата „Црн Дрим“ во Дебар, по претходна пријава, полициските службеници пронајдоа една автоматска пушка, една рамка за автоматска пушка со 30 куршуми, една рамка за пиштол со 15 куршуми и една ќеса со марихуана, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Додаде дека предметите се одземени и обезбедени за натамошна постапка и оти се преземаат мерки за расчистување на случајот.