Во Даутпашин-амам, вечерва (19 јули), во 20:30 часот, концерт ќе одржат

виолончелистот Гал Фаганел од Словенија и нашата млада пијанистка Маја Божиновска. Во рамките на програмата ќе бидат изведени делата на Бетовен, Дворжак, Дебиси…

Фаганел е реномиран изведувач, наставник, ментор. Медиумите го возвишија за неговата „извонредно чувствителна интерпретација“, неговиот „моќен и прекрасен тон“ и неговата „брилијантна виртуозност и младачка енергија“. Како изведувач, учествува на сцените низ Северна Америка и Европа, а подучува виолончело и предава камерна музика на Универзитетот во Северен Колорадо.

Пијанистката Божиновска (1993) е родена во Битола, каде што го завршува основното и средното музичко училиште. Во 2015 дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. м-р Тодор Светиев, а во 2017 магистрира под менторство на светски познатата Лилја Зилберштајн. Била учесник на натпревари на државно и меѓународно ниво и добитник е на повеќе награди Од 2015, работи како професор во Државното музичко училиште во Битола.