Во Данска од следната година ќе се возат возови на батерии

180

Данска од наредната година на своите пруги ќе воведе возови на батерии. Тие треба да се најдат на две железнички линии во 2020 година.

Министерот за сообраќај Бени Енгелбрехт постигна договор со регионалните власти на Копенхаген, Зеланд и Централен Јутланд да ги пуштат во работа пробните возови на батерии на две различни железнички линии.

Планирано е експериментот со новите возови да трае од 2020 година до почетокот на 2021 година.

Енгелбрехт изрази надеж дека возовите на батерии ќе бидат корисни и за климата и дека ќе помогнат за решавање на проблемите на помалите железници.

Возовите на батерии во моментов се користат во тест-возења во Австрија, а се тестираат и во Германија. Во Германија, првиот воз на водороден погон беше пуштен во употреба во септември минатата година, така што оваа поскапа, но еколошки поприфатлива технологија се спротивставува на дизел-возовите кои го загадуваат воздухот.