Зураби Датунашвили имаше херојско патување до олимписката бронза под знамето на Србија, по тажното заминување од својата Грузија. Дваесет и деветгодишниот Датунашвили освои три европски медали за Грузија пред да се приклучи на српската репрезентација. Во февруари 2020 година, тој стана член на српската репрезентација во грчко-римско борење. Нешто повеќе од една година подоцна, по освојувањето на златото на Европското првенство, следеше олимписка виза.

За српските медиуми Датунашвили зборуваше за тоа како дошол во Србија.

  • По инцидентот во Грузија, разговарав со Михаил Каџа, исто така борач од Грузија, кој настапува за Србија, и му реков дека сакам да ја напуштам Грузија. Потоа ми откри дека можеби Србија би била заинтересирана за мене. Ме контактираше претседателот на Федерацијата за борење, Жељко Трајковиќ, и така се најдов таму каде што сум сега, истакна Грузиецот со српски пасош.

Во Грузија бил нападнат со шипки во јануари 2019 година, по што Грузиецот донесе одлука да не се натпреварува под знамето на земјата во која е роден.

Се започнало на 11 јануари, во Палатата на спортови во Тбилиси каде се одржувало националното првенство вогрчко-римско борење. Во финалето билеДатунашвили и Роберт Кобјашвили, повеќекратни европски и светски шампиони. Одлуката на судијата била таква што Кобјашвили го добил натпреварот, што предизвикало голем револт и протести, потоа и вербална пресметка.

Ситуацијата излегла од контрола кога претседателот на Боречката федерација на Грузија, Гега Гегешидзе, влетал во гужвата и го удрилДатунашвили во главата со железен предмет.

Гегешидзе беше уапсен и пуштен набргу потоа со парична казна, додека Датунашвили донесе одлука да ја напушти својата земја.

  • Се чувствувам многу удобно овде, луѓето се одлични. Имам и интересна приказна. По Европското првенство во Варшава, човек од бензинска пумпа во Белград ме препозна и ме праша за фотографија, по што ме праша како се чувствувам како европски шампион. Бев изненаден што знае кој сум јас, заврши Зураби.