Во Голо Брдо снежната покривка над 30 сантиметри, повеќе села без електрична енергија

105

По обилните снежни врнежи Македонците во областа Голо Брдо, Албанија, благодарение на ангажираноста на локалните власти не останаа завеани, но повеќе населени места се без електрична енергија, рече за МИА, Едмонд Османи администратор на административната единица Требиште.

-Снежната покривка е над 30 сантиметри., некаде е и повисока. Засега нема проблеми околу движењето по патиштата во нашата област. Но и доколку е потребно благодарение на локалната власт на Булќиза, каде припаѓаме, подготвени сме да интервенираме. Повеќе села се без електрчна енергија поради искинати елекпроводници, за што превземаме напори за надминување на проблемот, додава Османи.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Областа Голо Брдо, која опфаќа 22 населени места, населена речиси целосно со Македонци, редовно во измнатиот период за време на зимскиот период се соочува со големи проблеми.

-Редовно бевме завеани со снег. Сега можам слободно да кажам дека тој проблем е надминат благодарение на големото разбирање и внимание што за нашата област ја посветува градоначалникот Лефтер Ала. Секогаш е подготвена механизација и редовно се расчистуваат патиштата, посочува тој.

Додава дека со реконструкцијата и проширувањето на постојните објекти на здратсвените амбуланти, што е во рамки на владината програма, сега е обезбедено присуство на лекар во текот на денот, како и 24 часовно присуство на медицински сестри.