Во Џакарта луѓето веќе живеат во населби на покривите од зградите

159

Во главниот град на Индонезија, Џакарта, еден градежен архитект го претворил покривот на трговски центар во целокупна мининаселба (комуна) со вистински куќи, асфалтирани улици, тенсики терен и зеленило!

Во денешно време во многу градови низ Северна Америка, Азија и Европа, има многу малку надворешен простор, па архитектите и градителите ги претвораат покривите од зградите во урбани градски средини како игралишта со базени, дворови со зеленчукови градини, бидејќи секој расположлив простор употребен за живот е скапоцен.

Такво нешто, и тоа на многу интересен начин, постои и во Џакарта и е познато како населбата „Космо парк“ која се наоѓа на врвот на зградата на трговскиот центар и е направена пред десет години, ама сега, благодарение на интернетот стана и вирална.

„Космо парк“ е сместена во зграда од десет ката, односно на врвот од трговскиот центар „Тамрин во централна Џакарта, и кога ќе ја погледните, гледате во вистинско мини населено место на врв од зграда.

На врвот од покривот со површина од 12140 квадратни метри, се наоѓаат 78 двокатни куќи со уредно распоредени асфалтирани патишта каде што децата возат велосипед, а повозрасните трчаат или ги шетаат своите кучиња.

Жителите на „Космо парк“ сметаат дека заедницата е посигурна од обично предградие, дека се наоѓа на врв од зграда, ама не е толку изолирачка како животот во стан.

Така е добро. Постои толку отворен простор, мојот син може да вози велосипед. Навистина е безбеден и се чувстввуа убавото опкружување“, изјавила станарка од станбениот комплекс, Фазила Капси.

Капси има уште една причина за живот на покривот од зграда. Таа со сопругот се преселила таму пред шест години за да ги избегне честите поплави во Џакарта.

„Тоа е една прекрасна оаза. Не можам доволно да им ја препорачам на останатите луѓе“, изјавила таа.

Индира Лестари, уште една станарка на Космо парк, споделува слични чувства.

„ Се разбира дека овде е високо. Ама има многу место и овде имаме повеќе место и приватност, и тоа е подобро за моето семејство. Мојот син може да си игра надвор, само излегува низ врата и таму е, во сигурно опкружување“.

Инаку, Џакарта е еден од најгустонаселените градови во светот, покрај Токио, со околу 140 000 жители на квадратен километар.

Со над десет милиони и три пати поголем број жители во рамки на поголем регион области во градот Џакарта, на градот дефинитивно наскоро ќе му бидат потребни уште вакви мини „населби“ на покривите од веќе постоечките згради.

Животот во тие градови за многумина стана неподнослив поради хроничните поплави кои се случуваат секоја дождовна сезона. Во тој контекст ова е идеално решение за многу жители на Џакарта.