Во Гази Баба се прска против заледување на улиците

95

Зимската служба на општина Гази Баба е ставена на ниво на подготвеност, по добиените најави од УХМР за снежни врнежи кои се очекуваат.

– Превентивно во текот на вчерашниот ден беше извршено прскање на повеќе критични точки со посебно средство кое спречува заледување на коловозот при снежни врнежи. Третирани се регионалните патни правци од Идризово до пруга Хиподром, од Стајковци до Раштак, надвозниците на овие патни правци, надвозникот кај ООУ „Наум Наумовски Борче“, улицата „Фуштанска“, како и критичните улици по кои се движи јавниот превоз – информираат од општина Гази Баба.