Во Вухан ќе се гради уште една наменска болница со 1.300 кревети поради појавата на коронавирусот

62

Кинескиот град Вухан, што е во изолација поради појава на коронавирус, ќе изгради втора наменска болница за лекување пациенти од таа инфекција, објави Чајна дејли.

Изградбата на болницата 1.300 кревети се очекува да заврши за половина месец.

Изградбата на првата наменска болница почна вчера и треба да биде завршена до 3 февруари.

Досега, 41 луѓе починаа од вирусот, а повеќе од 1.300 се инфицирани.