Во вторник повторно се отвора добиточниот пазар во Трубарево

40

Од вторник добиточниот пазар во скопско Трубарево повторно почнува да работи. Пазарот ги отвора вратите за сточарите, трговците и угостителите.

Причината за затворање на пазарот беше појавата на болеста “Син јазик” кај говедата, овците и козите. По препораките од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пазарите почнуваат да работат согласно протоколите за заштита на здравјето на луѓето и стоката.