Пандемијата со коронавирусот ја запре тениската сезона, но не и наместените натпревари. Тениската единица за интегритет (ТИУ) идетификуваше 24 сомнителни натпревари одиграни на  егзибиционите турнири во периодот меѓу април и јуни.

Овие натпревари биле пријавени од надлежните органи за обложување, кои во групата на сомнителни додале и еден натпревар од 2019 година, одржан на ВТА турнир со вредност од 125.000 долари.

Овие информации не значат и дека споменатите натпревари се наместени, туку може да значат дека обложувалниците имале некакви информации за повреда или болест на играчите.

-Сомнително обложување во текот на карантинот е потврда дека старите злосторници се уште работат и дека дополнително ќе му се вратат на овој спорт кога ќе започнат тениските турнири во август, се наведува во соопштението на единицата за тениски интегритет.

Единицата за тениски интегритет надлежноста за споменатите натпревари ја префрли на независна организација при Интернационалната тениска федерација, која ќе може во потполност да дејствува од јануари 2021 година.

Целта на ваквиот „трансфер“ е да се направи правна независност во донесувањето на ваквите одлуки со оглед на тоа што единицата за интегритет е финансирана од седум водечки организации – ИТФ, АТП, ВТА, Австралија опен, Ролан Гарос, Вимблдон и САД Опен