Во време на пандемијата Сузана Гавазова хумано подарува свои скапи фустани

1101

Македонската фолк ѕвезда Сузана Гавазова одлучи да направи еден хуман гест со нејзините парчиња облека. Нема да заработува, како што вели, туку таа ќе подари 6 прекрасни и скапи фустани во кои настапувала на концерти.

-Овие прекрасни фустани кои се од посебно значење за мене ги подарувам на шест различни добитнички по случаен избор, објави Гавазова.
Следете ме на фејсбук и инстаграм @suzanagavazova

Лајкнете го постот и тагирајте ги вашите најблиски во коментар
Шерувајте го овој пост!

Добитничките ќе бидат лично контактирани и објавени на фан-страницата. Наградната игра ќе трае до петок 23.10. до тогаш ви посакувам среќа и ви праќам бакнежи, порача во пораката нашата популарна сексипилна пејачка.