Во Виетнам собрана ДНК заради идентификација на жртвите од „камионот на смртта”

58

Полицијата во централен Виетнам соопшти денеска дека зела форензички примероци од жители кои веруваат дека членовите од нивното семејство би можеле да бидат меѓу 39-те жртви кои беа пронајдени мртви во приколка на камион, минатата недела во Англија.

Полицијата во провинцијата Нге зела примероци, вклучувајќи коса и нокти, од членовите на семејствата, за да се обиде да помогне во идентификувањето на жртвите.

Досега, 24 виетнамски семејства пред локалните власти пријавиле исчезнување на нивните најблиски.

Тринаесет лица се пријавени како исчезнати во округот Јен Тан Нге Ан, а роднините стравуваат дека е можно тие да се меѓу жртвите пронајдени во средата во индустриски парк на југоисток на Англија.