Повеќе од половина сојузни држави во Венецуела останаа беа струја, информираат невладини организации и социјални мрежи, а властите за тоа обвинија „електромагнетски напад“.

Поради прекинот во снабдувањето со електрична енергија, престанале да работат 94 отсто од телекомуникациската инфраструктура во државата, објави невладината организација Нетблокс.

Првпат после март, и во Каракас снема струја.

Претседателот Николас Мадуро смета дека САД и опозицијата се одговорни за снемувањето струја, додека опозицискиот лидер Хуан Гуаидо ја обвинува корупцијата и лошото менаџирање.