Во Велес промовирана книга со етноафоризми „Низ сито и  решето“

46

Во Медиотеката на Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес попладнево беше промовирана  книгата со етноафоризми „Низ сито и решето“ на 9 македонски афиристичари Ацо Ѓоргиев од Струмица, Драганчо Тасески – Изворски од Кичево, Елеонора Николовска од Скопје, Јане Атанасов од Кочани, Ленче Стоименова од Кочани, Миле Ѓорѓиоски од Делчево, Ружа Стојмилова од Кочани,Ристо Филчевски од Струмица  и  Атанас Крлевски од Велес кој воедно денеска одбележа и 45 години творештво.

Промоторот Иван Котев рече дека во оваа книга се  избрани најдобрите афоризми од 9 автори од земјава и сите се поминати низ „Сито и решето“ .

Овие афоризми се надоградени врз народните поговорки.Народните кратки жанрови биле и давале идеја, потстрек за создавање нови афоризми. Атанас овие „етноафоризми“ ги нарекува „етнокрлевизми “. Книгата изгледа мала но тоа е едно големо дело, од девет автори кои го сплотија својот гениј, своето размислување, својот интелект во една книга што ќе биде голема придобивка за македонската литература, појасни  Котев.

Велешкиот афористичар Атанас Крлевски кој воедно денеска одбележа и 45 години творештво,во својата изјава се потсети дека првиот афоризам го напишал во 1977 годиа во „Студентски збор“ .Тој појасни дека има напишани многу, но објавено околу  3000 афоризми во 10 свои објавени книги,а наскоро ќе ја објави и својата  11 книга Дигитални афоризми Крлевизми,најави Атанас Крлевски.  

-Не е нешто што ми се наметна туку афоризмите се тие што излегуваа од мене.Сум живеел на повеќе места и сум контактирал со повеќе луѓе и афорзмите се наметнаа како мој  запишувач на животот.И сите тие народни мудрости што денес ги слушнавте со дадавање на наши делови на етноафоризмот.Со тоа и народната мудрост влијаеше да почнам да се занимавам со афористика.Воедно пишував и други жанрови на сатирата,публицистички текстови и хуморески,а во последно време ми е полесно да пишувам афоризми,а и публиката  полесно ги „сварува“ брзите работи и повеќе ги сака,потенцира Крлевски.

Снежана Бошевска, директорка на локалната библиотека „Гоце Делчев“ во својот вовед пред присутните, а  по повод промоцијата на оваа книга за својот сограѓанин и афористичар Атанас Крлевски  појасни дека  Крлевски успева да допре до суштината и реалноста на општеството само преку неколку зборови.

Може да се каже дека Атанас е продолжение на нашиот сограѓанин Јордан Хаџи КонстантиновЏинот  којшто се смета дека е првиот којшто започнал да пишува афоризми. Велес има една богата културна традиција од литературен аспект и пишување на афоризми. Атанас 45 години знае да не насмее, да не замисли со неговите афоризми и исто толку години чекори по големината на овие мали реченици, потенцира Бошевска.

Промоцијата започна со македонско оро,а  на покана на Атанас Крлевски гостинка беше и Атиџе Муратовска главната хероина на документарецот „Медена земја“ која пред присутните ја изведе својата омилена песна „Чекор по чекор“ и изнуди долг и силен аплауз.

Инаку книгата е издадена со поддршка на Министерството за култура.