Во бродолом во Либија загинаа 15 мигранти

27

Најмалку 15 Африканци се удавија кога нивниот брод се преврте кај брегот на Либија, изјави портпаролката на Меѓународната организација за миграција Сафа Мсехли.

Ова е втор бродолом во кој се вклучени мигранти на пат кон Европа за нешто повеќе од една недела

Мсехли рече дека имало најмалку 110 мигранти на гумениот брод што се превртел, што го напушти либискиот крајбрежен град Завија во петокот.

Бродот почнал да тоне рано утрово, а либиската крајбрежна стража успеа да спаси најмалку 95 мигранти, од кои шест жени и две деца, рече портпаролката.

Извор:МИА