Во Босна отворено еко село во спомен на Тоше Проески

272

По Тоше Проески спомените не можат да пресушат. Па така, неодамна, својата бесконечна љубов кон нашиот пејач ја покажале и во Босна. Едно тамошно еко село наречено „Рај во рајот“, кое е отворено деновиве на околу 80 километри од Сараево, посветено е на музичката поп-икона Тоше Проески.

Кога ќе влезете во селото, на неколку места има табли на кои се испишани стиховите од неговите песни-евергрини. Тоа треба да се види и да се доживее, велат оние кои биле таму. Не вреди да се прераскажува. Веруваме дека е така.  Д.М.