Во болница во Загреб 21 вработени позитивни на Ковид-19

58

Во клиничката болница Меркур во Загреб има 21 вработен позитивен на Ковид-19, а 84 се во самоизолација.

Двајца хирурзи за трансплантација се позитивни на Ковид-19, но што се однесува до трансплантациите – нема одложување, јави ХТВ. Три мајки во самоизолација чекаат за породување, пренесува Хина.

Поради контакт со позитивни здравствени работници, 10 пациенти се во самоизолација во болницата.