Околу половина тон марихуана е запленета во операција со кодно име „Тебра“ во местото Габела Поле, во близина на Чапљина, соопшти Обвинителство на Босна и Херцеговина.

– Акцијата „Тебра“ е дел од активностите на Обвинителството на БиХ и партнерските агенции за спроведување на законот за откривање и разбивање на меѓународните шверцерски канали за трговија со дрога од Албанија, преку Црна Гора, до БиХ и понатаму во Хрватска и други земји од ЕУ, се наведува во соопштението.

Вредноста на запленетата дрога на илегалниот нарко пазар во земјите во ЕУ изнесува околу два милиона евра.