Во Белград уапсени двајца „макроа“

85

Српската полиција во Белград уапси две лица поради основано сомнение дека извршиле кривично дело трговија со луѓе и посредување во вршење проституција, јавуваат српските медиуми.

Осомничените лица на возраст од 32 и 25.години се теретат дека во текот на оваа година изјнајмувале станови во Белград каде организирале проституција, односно сексуална експлоатација на четири женски лица од кои една малолетна, соопштија од полицијата.