Белгиската полиција уапси маж кој претходно нападнал две лица со нож, неколку часа откако се случи сличен инцидент во Лондон, каде полицијата уби вооружен напаѓач.

Според „Дејли меил“, повикувајќи се на очевидци, белгиската полиција го уапсила лицето во градот Гент. Полицијата при апсењето, го ранила мажот во раката.

Британската полиција уби човек вчера во јужен Лондон, откако тој прободел најмалку две лица, при што полицијата го опиша нападот како „инцидент поврзан со тероризам“.