Во белгиско училиште хулахоп им помога на најмладите ученици за одржување дистанца

51
Credit: Sint-Martinusschool Lubbeek

Основното училиште „Св. Мартин“ во белгискиот регион Брабант во Фландрија, обезбедни социјално оддалечување на учениците преку употреба на хулахоп.

За да научат да одржуваат социјално оддалечување едни од други во целата за намалување на ширењето на Ковид-19, учениците од прво и второ оддечение добиле хулахопи кои ги носат со себе постојано.

Додека седат во училница, персонализирани обрачи со нивните имиња се поставени околу столовите, а за време на одмор ги носат надвор каде што служат за одржување дистанца, ама и за игра.

Обрачите не се користат едиствено при влегување во тоалет, изјавија од училиштето за „Брисел тајмс“.

Директорката на училиштето Лисбет Таверне оценува дека ваквата мерка е „засега забавна“, ама и „неодржлива на подолг временски период“.

Извор:www.brusslestimes.com