Во Бангладеш текстилците земаат 120 евра, а кај нас ќе добиваат над 400 евра плата

Европските брендови планираат своето производство да го преселат во Европа, што значи дека балканските држави, меѓу кои и Македонија ќе имаат поголеми нарачки отколку пред короната. Единствен проблем за зголемување на производствените капацитети е недостаток на соодветен производствен кадар. Затоа можноста ја гледаме во увоз на работна сила од Далечниот Исток каде што платите и условите за работа се далеку полоши од оние на Балканот. Некои држави како Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина се пред нас во овој процес и веќе имаат увезено работници од овие земји, вели за весникот ВЕЧЕР, Ангел Димитров, од Организација на рабодовачи

311

Текстилната индустрија се соочува со голем недостиг на кадар и бара вработување на странци во нивните компании. Од оваа индустрија велат дека во земјите од Далечниот Исток платата на текстилците е 120 евра, што значи дека во Македонија ќе земаат три пати поголема плата и ќе имаат подобри услови за живеење и работа. Увоз на работна сила е особено важно за домашните текстилни компании кои имаат зголемени нарачки од европските компании, кои одлучија своето производство да го префрлат од Азија во Европа.

Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи за весникот ВЕЧЕР вели дека Бугарија и Хрватска се пред нас во овој процес и веќе имаат увезено работници од Бангладеш, Пакистан, Непал, Индија…

-Европските брендови планираат своето производство да го преселат во Европа, што значи дека балканските држави, меѓу кои и Македонија ќе имаат поголеми нарачки отколку пред короната. Единствен проблем за зголемување на производствените капацитети е недостаток на соодветен производствен кадар. Затоа можноста ја гледаме во увоз на работна сила од Далечниот Исток, каде што платите и условите за работа се далеку полоши од оние на Балканот. Некои држави како Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина се пред нас во овој процес и веќе имаат увезено работници од овие земји, вели Димитров.

Според него, единствен проблем ќе биде можноста овие работници по неколку месеци да заминат во западноевропските земји каде што платите се уште повисоки од нашите.

-Во Бангладеш просечна плата е 200 евра, а во текстилната индустрија платата е 120 евра. Што значи дека тука ќе имаат за три пати поголема плата и подобри услови за живот и работа. Но, постои страв тие да се задржат тука одреден период, а потоа да заминат во Европа. Не постои закон со кои би можеле да ги задржиме тука, појаснува Димитров.

Со увоз на работна сила од надвор, тој смета дека проблемот ќе се реши подолгорочно. Нема да се создаде недостиг со заминувањето на работниците во пензија, бидејќи младите не сакаат да работат во оваа индустрија.

Во текстилната индустрија нето-платата изнесува 26 илјади денари, кои од 2010 година наваму постојано се во пораст.

Можноста за понатамошно зголемување на платите зависи од подготвеноста на странските партнери да ги покачат цените на нашите услуги, бидејќи 92 отсто од вкупното текстилно производство во државата оди за туѓ бренд.

-Ако ги качат платите, ќе има можност за зголемување на платите и за опстанок на текстилната индустрија, ако не работниците од Бангладеш, Индија, Пакистан… ќе се вратат назад и таму ќе земаат повисоки плати, додава Димитров.

(А.С.)