Во Албанија пристигна група од 259 Авганистанци, до сега над 700

45

Нова група авганистански државјани пристигнаа на меѓународниот аеродромот во Тирана.

Веста ја објави министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка, која на Фејсбук објави фотографиите од моментот на нивното пристигнување.

-259 деца, жени и мажи кои го напуштија Мазари Ал Шариф, пристигнаа во Тирана. Благодарение на координацијата со партнерите, тие сега имаат сигурно засолниште, со што уште еднаш ја потврдивме сериозноста и посветеноста на Албанија да спаси стотици авганистански граѓани, напиша Џачка на Фејсбук.

Досега бројот на Авганистанци кои дошле во Албанија е над 700 чија крајната дестинација е САД. Тие се сметени во студентскиот град во Тирана, како и во хотелски капацитети во Драч и Шенѓин.

Здравствени групи деновиве, ги посетија во местата каде се сместени и извршија имунизација против Ковид-19.

Албанскиот премиер Еди Рама претходно изјави дека неговата земја е подготвена да засолни 4.000 Авганистанци, во обид да ги спаси од екстремниот талибански режим, што според него е гест на солидарност и должност што Албанија ја има кон своето минато.