Албанскиот Комитетот на експерти за справување со пандемијата, одлучи и понатаму да остане забраната за движење, но полицискиот час е скратен и наместо во 23:00 ќе почнува на полноќ и ќе трае до 6 часот, како досега.

Во текот на овој месец во Албанија се регистрани само пет смртни случаи како последица од Ковид-19, додека во инфективната клиника повеќе од една недела, нема хоспитализаци на нови лица, а само еден пациент е на болнички третман.

Во извештајот на Министерството за здравство за последното деноноќие стои дека има само седум нови случаи и исто толку оздравени, со што непроменет е вкупниот број на активни случаи, вкупно 56 лица.

Сепак, има голем број направени тестови во однос на потврдени случаи.

Според официјалните податоци, во текот на јуни направени се 84.741 тестови, рекордна бројка што го надминува бројот на тестови направени во периодот кога пандемијата кулминираше, односно февруари 2021 година.

Но, и покрај исклучително позитивните показатели, понатаму останува ограниченото движење и забраната за музика во баровите и рестораните по 22:00 часот навечер.

Полицискот час од утре, според одлуката на Комитетот на експерти за справување со пандемијата само се скусува за еден час и наместо во 23:00 ќе почнува на полноќ и ќе трае до 6 часот, како досега.

Ваквиот став предизвика негодување кај тур-операторите, како и кај сопствениците на ресторани кои бараат целоно укинување на мерките кои според нив штетат на сезонскиот туризам.