Во Албанија нови 641 случај со Ковид-19, четворица починати и 379 оздравени

142

Во последното деноноќие во Албанија коронавирус е дијагностициран кај 641 лице, од направените 3.530 тестови, што е 18 отсто од вкупно тестираните.

Со последно потврдените позитивни случаи вкупната бројка на заразени во земјата се зголеми на 66.635 од направените 307.638 тестови.

Во изминатите 24 часа во списокот на оздравени се внесени 379 или 39.625 до сега, додека починале четири паценти од 52 до 80-годишна возраст, со што вкупната бројка на почнати изнесува 1.265 лица. Активни на болеста се 25.745 од нив 60 отсто се во Тирана,која и понатаму е главно жариште на болеста, информираше министертвото.

Во четирите ковид болници моментно се третираат 280 паценти, 33 се на интензивна терапија, додека шест интубирани.

Во меѓувреме продолжува вакцинацијата на здратсвените работници, кои се директно вклучени во лекувањето на ковид пациентите. Денеска почна вакцинацијата на здратсвениот персонал во ковид два болницата,односно „Шефќет Нроќи“.

Извор:МИА