Во Аеродром и село Љубош денеска ќе нема струја

285

Од ЕВН Македонија информираат дека денеска поради технички зафати во електроенергетскиот систем во Градот Скопје без струја во определен временски период ќе останат дел од корисниците во населбата Стар Аеродром и во село Љубош.

Во периодот од 9 до 10 часот корисниците од улица „Вангел Тодоровски“ број 2 и број 7, населба Стар Аеродром, додека во периодот од 8:30 до 15 часот корисниците на дел од село Љубош, општина Студеничани.