Во Австрија 150 учители од задолжителното образование се заканиле со отказ поради задолжителната вакцина

63

Група наставници во Австрија се заканиле дека ќе ги напуштат своите работни места доколку земјата воведе задолжителни вакцини против коронавирус, како што е најавено, јави ДПА.

Анонимното писмо испратено до премиерот на регионот Форарлберг, Маркус Валнер, и до комесарката за образование, Барбара Шоеби-Финк, од 150 наставници, синдикатот на наставници го смета за автентично, објави денеска новинската агенција АПА.

Според АПА, групата во писмото пишува: „Сакаме да ве информираме дека 150 наставници и директори на училишта од секторот за задолжително образование – и многу други кои сè уште не се решиле на овој чекор – ќе ја прекинат својата служба за државата Форарлберг од 1 февруари 2022 година или ќе им бидат отпуштени доколку стапи во сила општата обврска за вакцинација во Австрија“.

Потписниците велат дека не се подготвени да ја стават својата енергија „во служба на земја која ги гази основните права на својот народ и сака да принуди третина од нив да се подложат на експериментална вакцинација против нивна волја“.