Во Австрија нагло се зголеми бројот на вакцинирани по целосното заклучување

68

Во Австрија, бројот на вакцинирани нагло скокнал откако стапи на сила заклучувањето за сите.

Дневниот број на вакцинирани, според Еуроњуз, пред две недели бил околу 1.000 лица. Од почетокот на неделава дневно се вакцинирале по 12.000.

Бројот на вакцинирани со првата доза пораснал меѓу 10 и 15 проценти.

Да потсетиме, заклучувањето стапи на сила во Австрија во понеделникот, а ќе трае најмалку 10 дена со можност за продолжување за уште 10 дена доколку проценката покаже дека е потребно продолжување. Тогаш сигурно ќе заврши, но само за вакцинираните и за оние кои го прележале Ковид-19, додека за другите останува на сила.

Важно е да се нагласи дека ова е исклучително строга верзија на заклучување, која е на сила 24 часа на ден, а на луѓето им е дозволено да бидат надвор од дома само сами, со луѓе од нивното домаќинство, партнер со кој не делат покрив или со лице со кое обично се гледаат неколку пати неделно или со членови на потесното семејство.

Дозволено е напуштање на станот или куќата за да се избегне непосредна опасност, грижа и помош на лица кои имаат потреба или за извршување на семејни обврски, контакт со партнер или потесно семејство, купување на храна и продукти, за здравствени потреби, рекреација или пешачење, деловни, административни или судски обврски кои не можат да се одложат, гласање на избори или учество на погреби или протести.