Во Австрија за првпат повеќе оздравени од новозаразени

124

За првпат по избувнувањето на епидемијата на Ковид-19 во Австрија е пријавен поголем број луѓе кои се излекувале од новозаразени.

Од петокот наутро до утрово во осум часот се пријавени 354 нови заразени, додека во истиот период, според Министерството за здравство, од вирусот биле излекувани 485 лица.

Вкупниот број на излекувани сега достигна 2.507, а вкупниот број на заразени, според податоци од попладнево, изнесува 11.713.

Извор:МИА