Во австралиската река Дарлинг за еден ден угинале над ститици илјади риби

55

Стотици илјади риби угинаа денеска во делот на една од најголемите реки во Австралија, во трет таков случај во последните недели, што локалните власти го препишуваат на сушата, но критичарите сметаат дека делумно е одговорно лошото раководење со водените ресурси.

Поморот на риби започнал синоќа во реката Дарлинг, во близина на местото Менинди во западниот дел на австралиската држава Нов Јужен Велс. Тоа е истата област каде стотици илјади угинати риби беа пронајдени на почетокот на месецов непосредно пред Божик.

Постои сомнеж дека горештините предизвикале цветање на алги, кои потоа угинале поради студените ноќни температури поради што го снемало кислородот во водата. Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Берејиклијан за тој случај го обвинила лошиот квалитет на водата и продолжената суша која зафати поголем дел од таа австралиска држава.

Министерката за регионални води Нил Блер истакна дека Министерството знае дека условите се ужасно лоши, додавајќи дека во областа Менинди испратиле два апарата на соларен погон за вбризгување воздух.

– За жал не постои ништо друго на што може да се укаже, ниту научниците, ниту локалната власт, никој не можеше да укаже на нешто друго што можело да спречи вакво нешто да се случи освен свежа вода која би била пуштена во системот, а ние тоа едноставно го немаме, објасни Блер пред новинарите.

Басенот Мари-Дарлинг е главен речен систем во Австралија, се протега преку четири држави и тука се произведува една четвртина храна во земјата.