Во Авганистан: Убиен водачот на пакистанските Талибанци

27

Еден од водачите на Пакистанското талибанско движење, Шехрјар Мехсуд, е убиен во напад во североисточниот дел на Авганистан, јавува агенција Анадолија.

„Мехсуд е убиен во експлозија на темпирана експлозивна направа во авганистанската покраина Кунар“, соопшти неговата група.

Станува збор за командант на групата „Хакимула Мехсуд“ која важи за елитна единица на Пакистанското талибанско движење, а на негово место веќе е именуван неговиот помошник Мевлана Вали Мухамед.

Пакистанското талибанско движење (TTP) е формирано во 2007 година, а движењето доживеа голем пораз во 2014 година откога во форма на повеќе помали групи делува претежно во Авганистан.

Последниот водач на обединетото Пакистанко талибанско движење, Мула Фазлула, беше убиен пред две години, исто така во авганистанската покраина Кунар, а синоќа убиениот Мехсуд оттогаш важеше за водач на пакистанските Талибанци.