Војската почнува војна со дивите свињи

141

Владата им даде рок на концесионерите на ловните друштва во рок од 10 дена да извршат отстрел на 50 отсто од дивите свињи, а во ловиштата каде нема концесионери ќе биде вклучена војската. Наградата за застрелана дива свиња е 1.000 денари, а за заклана свиња на домашно одгледувалише 3.000 денари.

-Апелираме до ловните друштва да извршат отстрел на 50 отсто од дивите свињи низ Македонија. Доколку тие не можат тоа да го сторат, тогаш ќе ја активираме армијата на Македонија за такви мерки. Свињите кои се хранат на депониите ќе бидат отстранети и мора да ги примениме овие радикални мерки. Ловните друштва знаат најдобро како да се справат со овој проблем и мора да спречиме болеста да премине на нашата територија, истакна Анѓушев.

Владата за овие превентивни мерки планира да потроши околу 65 милиони денари.