Војската и експерти истражуваат мистериозна експлозија: Дали е вонземско летало?

54

Рускиот претседател Владимир Путин наводно распоредил руска војска за да истражува судар на неидентификуван летечки објект (НЛО) во Сибир, што предизвикало уривање на една планина.

Таинствениот судир се случил во оддалечениот дел од Сибир во близина на реката Буреја, што остави неколку села изложени на поплави. Руската војска е испратена на планината да ги истражи извештаите според кои колапсот го предизвикал НЛО.

Војската е задолжена за “поместувањето на планината”, со употреба на експлозиви и опрема за да овозможи водата од реката повторно да протече, а не да се насобира.

Но, експертите предупредија дека блиската карпа е скршена, како и дека не се исклучени други големи лизгања на земјиштето.

Извор од Министерството за одбрана соопштил дека група експерти се на пат да спроведат увид на местото каде што карпите паднале од околу 400 метри височина во долината.

Изворот додава: “Со оглед на значителната површина на лизграњето на земјиштето, единици од инженери и железнички сили со специјална опрема, како и војската и транспортната авијација, ќе бидат вклучени во чистењето на карпата”.

Се поготвуваат планови за евакуација на 400 луѓе од трите села во близина.

Поплавите исто така би можеле да ја пореметат Бајкалско-амурската магистрална железничка врска долга 2700 милји, која претставува значајна врска помеѓу сибирската внатрешност и источниот брег на Русија, освен ако војската не го забрза повторниот проток на реката.

За нештата да бидат уште покомплицирани, загрозена е и хидроелектраната Бурејскаја која се наоѓа низводно, оти нејзините базени почнуваат да пресушуваат.

Русија исто така испратила тимови геоморфолози, геолози, хидролози и геодети за да ја проценат штетата, која веројатно се случила на 11 декември.

Алексеј Маслов, началник на Верхнебурејнскиот округ каде што се случил инцидентот, изјавил: “Се обидуваме да најдеме објаснување за овој инцидент. Јас мислам дека станува збор за метеор”.

Но локалната истрага во источна Русија укажува на тоа дека жителите на таа област веруваат дека причината за експлозијата е вонземско летало.

Професор Дејв Петли, потпретседателот за истражување и иновации на Универзитетот во Шефилд и експерт за науката за лизгање на земјиштето, ги отфрла обете идеи, објаснувајќи дека планинската падина над Буреја веќе имала постоечка пукнатина на надморска височина од околу 600 метри.

-Можеме да кажеме дека провлемот сигурно бил кај карпата и дека е малку веројатно дека може да се поврзе со настан предизвикан од метеор, вели тој.

Професор Петли признава дека е изненадувачки што падот се случил зиме кога земјата е замрзната а не во потопло време од годината.

Тој предупредува дека локалните услови покажале дека можеби постојат уште поголеми опасности, создавајќи можност за уште помасивно лизгање на земјиштето.

Ловџиите кои први стигнале на местото на инцидентот, биле предупредени од ненадејна и необјаснива промена на токот на реката, па пријавиле и дека во реката имало “врели камења” на кои можеле да си ги загреат рацете.

Нивната првична претпоставка била дека несреќата е предизвикана од удар на метеор – иако немало извештаи за метеори кога вселенската карпа го подогил рускиот Далечен исток во декември.

Инаку, Сибир е место каде што често паѓаат метеори.

Во 2013 година метеор беше фотографиран над градот Челјабинск во западен Сибир, осветлувајќи го небото додека експлодирал на надморска височина од 32 километра.

Денцении претходно, во 1908 година, таканаречениот настан Тунгуска срамни 770 квадратни километри шума во оддалечен дел од централен Сибир.

Теориите за причината на експлозијата се движеа од метеор, комета и повторно НЛО, а мистеријата беше проследена од отсуство на каков било видлив кратер.

Во меѓувреме, предвидено е дека во скоро време, астероид со ширина од 80 метри, ќе помине многу блиску до планетата Земја.