Војната го зафати и фудбалот: Роман Абрамович го напушти Челзи!

1097

Сопственикот на Челзи, рускиот милијардер Роман Абрамович, соопшти дека се повлекува од клубот и дека грижата за лондонскиот премиерлигаш ќе ја преземат поверениците од Добротворната фондација на Челзи.

„Во текот на моето речиси 20-годишно водење на Челзи, секогаш сметав дека мојата улога е да бидам чувар на клубот, дека мојата работа е да овозможам да бидеме успешниколку што можеме, како и да поставиме основи за во иднина, а да имаме позитивна улога во заедницата. Секогаш носев одлуки кои се во интерес на клубот. Останувам приврзан на овие вредности. Затоа денеска им го препуштам управувањето и грижата за Челзи на повреениците во добротворната фондација на Челзи. Верувам дека моментно тие се во најдобра позиција да се грижат за интересите на клубот, за играчите, за персоналот и за навивачите“ – се наведува во соопштението од Абрамович објавено на клупскиот сајт на Челзи.

Овој потег на рускиот милијардер уследи откако член на британскиот парламент го повика Абрамович да го предаде клубот по нападот на Русија врз Украина.

Претходно, Роман Абрамович доби забрана за престој во Велика Британија, пренесоа британските медиуми.